ЕКС ФУДБАЛЕРОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Хамбарџумјан: Ма каков Пјуник, ќе навивам за Вардар!

Репрезентативецот на Ерменија честоипати беше херој при настапите на „црвено-црните", од каде заминаа и сега не е дел од нашиот најтрофеен клуб. Популарниот Хоф е секогаш достапен за коментар.

објавено: 12 јули 2018 - 11:30

Репрезентативецот на Ерменија честоипати беше херој при настапите на „црвено-црните", од каде заминаа и сега не е дел од нашиот најтрофеен клуб. Популарниот Хоф е секогаш достапен за коментар.

„Вардар ми е во срцето. Се радсувам што се тука во Ереван. Бев кај нив во хотел, се видов со сите", ни изјави Хамбарѕумјан во телефонскиот разговор.

Причината е јасна. Вардар е во Ереван за дуелот со Пјуник.

„Ма каков Пјуник. Ќе навивам за Вардар. Јас сум тука дете на Банантс кој е голем непријател со Пјуник. Тоа е исто како Вардар и Шкендија што не се сакаат во Македонија. Сакам Вардар да победи", вели Хоф кој сепак предупредува:

Да беше ланскиот Вардар ќе кажев дека 100% ќе го добие Пјуник. Сега тимот е речиси нов. Многу играчи си заминавме. Пјуник е во проблеми но се засилија кога дознаа дека играат со Вардар. Имаат тројца репрезентативци на Ерменија. Ќе биде тешко, тежок дуел за играње. Ќе бидам на стадион со „вардарците" но ќе биде многу тешко за гледање. Ќе биде пеколно жешко денеска од 16 часот. Температура од околу 42 степени или како 50 во Скопје. Тука е предноста на Пјуник. Вардар треба да биде трпелив и да ја чека својата шанса", додава Хамбарѕумјан кој сеуште е без нов клубски ангажман и сеуште ја чека најдобрата понуда.

Најново во Фудбал