ЕКС-КАПИТЕНОТ ГО ПОЗДРАВИ ЗАМИНУВАЊЕТО НА БАБУНСКИ

Грнчаров без „влакно на јазикот“: Фала богу така се работи, сега да си оди уште Дарко болесникот

Ништо ново од Вардар, по само еден одигран натпревар во Лига Европа одлучи да му врачи отказ на Бобан Бабунски. 

објавено: 16 јули 2018 - 19:28

„Партализација“ во Вардар. Македонскиот вицепрвак продолжува по старо, по само еден одигран квалификациски меч во Лига Европа му даде „шут карта“ на Бобан Бабунски поради лошата игра на гостувањето кај Пјуник, кој најверојатно ќе биде запаметен како стратег со најкратка авантура во „црвено-црните“ редови. 

По една ваква одлука (честа во изминатите сезни) само се наметнува прашањето: До тренерот ли е, до играчите ли е, до некој друг ли е, што Вардар никако не успева да „тече“ по мирни води.

Тренерската смена во редовите на вицепрвакот ја искорментира и екс-капитенот, Бобан Грнчаров..кој е вардарово дете и без разлика што не е во тимот, сепак го болат лошите одлуки и резултати, па токму без „влакна на јазикот“ испрати порака.

Најново во Фудбал