ПО ВЕЧЕРАШНИОТ ДЕБАКЛ

Голема МЕТЛА ќе игра во Вардар!!!

Во таборот на македонскиот вицепрвак веќе ништо нема да биде исто, по вечерашниот пораз од Пјуник (0-2) стана јасно дека клубот го допре дното, благодарение на менаџирањето и раководењето од страна на управата на чело со спортскиот директор, Дарко Панчев.

објавено: 19 јули 2018 - 21:22

Навивачите се гневни по дебаклот и раната елиминација на Вардар во Лига Европа, скандирајќи побараа од Сергеј Самсоненко да го избрка „златниот“ Дарко Панчев. Во таборот на македонскиот вицепрвак веќе ништо нема да биде исто, по вечерашниот пораз од Пјуник (0-2) стана јасно дека клубот го допре дното, благодарение на менаџирањето и раководењето од страна на управата на чело со спортскиот директор, Дарко Панчев.

Легендарната златка копачка вечерва за последен пат беше во улогата на спортски директор во Вардар, а сето тоа му стана многу јасно кога цел стадион скандираше: Панчев оди си, Панчев оди си, Панчев оди си...

Откако Дарко Панчев застана на функцијата спортски директор, кај „црвено-црнитее“ застана пулсот на клубот, кој што лани во ова време беше сензација во Европа. Откако успеа да ги „намести“ успешните Гоце Седлоски и Чедомир Јаневски, почна циркузот, го седна на клупата Бобан Бабунски, двајцата го доуништија сето она што остана од Вардар за свој личен менаџерски интерес.

Сме гледале разни циркузи, но ваков НЕ. Дарко Панчев пораката на „Комитите“ до Сергеј Самсоненко беше многу јасна и гласна, управа оди си, Панчев оди.

Вечерва сигурно ќе игра големата метла во нашиот најголем клуб, кој утре сигурно врти нова страница и повторно ќе треба да се рестартира.

Дарко Панчев третпат неславно си оди од неговиот матичен клуб. 

Најново во Фудбал