НЕПОСРЕДНО ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА ВО ВТОРАТА ЛИГА-ИСТОК

ФК Кожуф ги претстави новите засилувања (Фото)

В сабота од 17:00 часот тимот на Кожуф ќе ја стартува новата сезона во Македонската фудбалска Втора лига - Исток.

објавено: 18 август 2018 - 08:00

Прв противник на ФК Кожуф на теренот во Кавадарци гостува кај аспирантот за влез во Првата лига, ГФК Тиквеш.

Новајлии во тимот на Беќаров се Петров Томица кој доаѓа од Грција, Скендери Емир од Академија Пандев, Димитров Живко од Беласица, Костадинов Никола од Осогово, Пеев Лазар од Локомотива, Ивановски Дамјан од Каменица Саса, Атанасов Кире од ГФК Тиквеш, Терзиев Стефан од Дојранско езеро и повратниците од странство Ники Зумровски од Дукла Банска Бистрица (Словачка) и Чурлинов Цветан од Швајцарија.

Со ростерот на играчи за претстојната сезона клубот не би требало да стравува за опстанокот во лигата со оглед на тоа што амбициите се стабилизација во втората лига и акцент на младите категории.
Извор:(http://www.fckozuf.com)

Сите промовирани играчи како нови засилувања на ФК Кожуф можете да ги погледнете ТУКА

Најново во Фудбал