ТУРЦИТЕ ЗАДОЦНИЛЕ СО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Ердон Даци не доби „зелено светло“ од ФИФА

Денеска во попладневните часови македонскиот прволигаш беше информиран од канцеларијата за сертификација на ФИФА околу случајот со Ердон Даци.

објавено: 7 септември 2018 - 16:30

Фудбалскиот клуб на Шкупи добил негативен одговор на мејл, иако се согласи со Коњаспор да дојде на позајмица нивниот играч Даци во тимот од Чаир, но од друга страна турската екипа задоцнила со документацијата.

ФК Шкупи испрати дополнително барање до Светската фудбалска федерација, со цел да му дозволи на играчот да биде регистриран, но тоа не било доволно и ФИФА останала на негативната одлука.

Даци изминатиот период тренираше со Шкупи, така и ќе остане до крајот на годината, а од јануари ќе може официјално да настапува за клубот.

Избраниците на тренерот Хајат Сојдаш после четири кола во Првата лига имаат само два бода на претпоследното место на табелата.

Најново во Фудбал