САМО НАШИОТ БИСЕР ВЕЌЕ ИМА ИГРАНО ВО ГИБРАЛТАР

Елмас на местото на „злосторот“

Од сите наши репрезентативци, само Елиф Елмас има играно тука во Гибралтар со националниот тим на Македонија. 

објавено: 6 септември 2018 - 12:30

Од Гибралтар,

И. Д. Ивановски

Пред три години Елиф Елмас и фудбалерите до 17 години ремизираа со 1:1 на развoјниот турнир на УЕФА. 

„Многу добро се сеќавам на тој меч. Дадовме гол и додека се радувавме надвор од теренот домашните фудбалери почнаа да играат и ни дадоа гол на празна мрежа. Одигравме 1:1, но потоа ги совладавме по пенали. Игравме на вештачка трева, но сега оваа е нова, не е истата. Многу е подобар теренот сега“, вели Елмас кој сега е ѕвер од играч и стартер во тим како Фенербахче со 18 години.

Елмас посакува вечерва дуелот да заврши со голема разлика, секако во корист на Македонија. 

„Поради тие 1:1 сакам сега да ги победиме со поголема разлика“, додадава малиот бисер кој пред точно една година му асистираше на Пандев за победа над Израел. 

Најново во Фудбал