ШАМПИОНОТ ДОБИ ДВЕ НОВИ ИМИЊА

ЕКСКЛУЗИВНО: Шкендија го потпиша Селмани, договорен Чешмеџиев

Откако не се снајде во таборот на Ујпешт каде што не добиваше минутажа, младиот фудбалер од нападот ги засили редовите на шампионот, а исто така ново име ќе биде стоперот на младата селекција на Македонија

објавено: 24 мај 2018 - 12:43

Поранешниот фудбалер на Ренова Ремзифаик Селмани, кој што е добро познат на тренерот на Шкендија Ќатип Османи, ќе биде нов играч на шампионот и освојувач на Куп. Сите детали се договорени, и останува само официјалната промоција на играчот кој што е повремен член на младата селекција на Македонија. Тој оваа сезона ја мина во Ујпешт, но со мала минутажа, па се реши да се врати во Македонија и тоа во првакот на оваа земја. 

Освен на Селмани, се чека на промоција и на Константин Чешмеџиев. Стоперот на младата селекција откако „раскина“ со Академија Пандев, сега како слободен играч ќе ги засили редовите на тетовските „црвено-црни“. 

Тоа се двете нови имиња во Шкендија, која што го гради тимот за настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, ќе има и заминувања од тетовскиот тим. Има голем интерес за најдобрите играчи на првопласираната екипа Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими кои што би можеле да заминат во странство. 

Најново во Фудбал