ИМАА ДВЕ НЕДЕЛИ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО НОВИОТ ТРЕНЕР

ЏИЏИ: Ренова има потенцијал за висок пласман

Наша цел ќе биде на секој натпревар без разлика со кого и каде играме да одиме на победа. Првиот тест ни е пред нашите гледачи со Рабтнички кого го почитуваме, но сметам дека бодовите ќе бидат запишани на нашето конто, вели тренерот Илиевски. 

објавено: 18 октомври 2018 - 15:30

Принудната паузата на домашната прволигашка фудбалска сцена поради репрезентативни настапи, завршува викендов. Ренова овој двонеделен период го искористи тимот да се запознае моногу подобро со новиот стартег, искусниот поранешен македонски селектор Никола Илиевски – Џиџи, кој седна на клупата кај „гипсарите" по првиот од четирите натпреварувачки кругови. Ренова откако ја напушти Јетон Беќири, а финишираше во последните три кола пред паузата под водство на директорот Лирим Саити. Токму во овие три средби не загуби, иако за противници ги имаше второ и третопласираните тимови на Шкендија и на Академија Пандев, по што се нареди веднаш заднив на четвртата позиција со заостанување од пет бода.
„Тимот има потенцијал за да обезбеди висок пласман во прволигашката конкуренција сезонава. Задоволен сум колку професионално и одговорно играчите ги извршуваат поставените задачи. Работевме максимално и наша цел е без разлика со кого и каде ќе играме да одиме на победа – вели Никола Илиевски – Џиџи, тренерот на Ренова.

РЕНОВА ГИ ПЛАНИРА ТРИ БОДА ОД ДУЕЛОТ СО РАБОТНИЧКИ
Ренова под водство на новиот стратег ќе дебитира в недела во рамките од 10. коло кога ќе го пречека Работнички. На првиот меч во Скопје, „гиспарите" забележаа победа (4-3) во интересен натпревар со многу голови. Работнички најавува дека ќе дојде во Тетово по реванш, но и Ренова има императив да тргне победнички со новиот тренер.
„Секоја чест за Работнички. И тие имаат нов тренер и ќе сакаат да се докажат. Го почитуваме тоа, но ние на овој меч целиме на победа. Имаме тим, играме пред своите гледачи и верувам дека ќе ја оствариме поскуваната цел – додава Илиевски.

Најново во Фудбал