БРЗО НАЈДОА РЕШЕНИЕ

Добре Димовски нов тренер на Каменица Саса

Добре Димовски во иднина ќе го предводи второлигашот, Каменица Саса. 

објавено: 20 септември 2018 - 20:24

Челниците на второлигашот, Каменица Саса брзо најдоа решение за тренерското место по разделбата со Киро Ѓорѓиев. Во продолжение од сезоната на кормилото на тимот од Македонска Каменица ќе застане Добре Димовски, кој ќе има за задача да ја врати самодвербата во редовите на второлигашот, кој по четири одиграни кола нема ниту една победа.

Каменица Саса е на претпоследното место на табелата во Втора-лига Исток, со едно реми и три порази. 

Димовски ќе дебитира овој викенд на дуелот против Вардар Неготино пред домашна публика. 

Најново во Фудбал