ВО САБОТА СЕ ИГРААТ СИТЕ МЕЧЕВИ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ

Дерби на Арената, дерби на Чаир...во исто време!

На нашите стадиони и онака има мал број гледачи, затоа штета е што во сабота во исто време во Скопје се играат две дерби средби, Работнички - Шкендија и Шкупи - Вардар.

објавено: 7 ноември 2018 - 12:30

Во сабота, и тоа на барање на селекторот Игор Ангеловски поради репрезентативниот собир за дуелите во Лигата на Нации, се играат сите пет натпревари од 14. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.

Ништо необично, се знае дека репрезентацијата има приориотет и затоа е поместено ова коло за сабота место во недела, но лошо е тоа што во Скопје во исто време, 13 часот, се играат две дерби средби.

Првото дерби е она на Националната Арена „Филип Втори" меѓу Работнички и Шкендија, а второто е на Чаир во кое се среќаваат Шкупи и Вардар. Велиме лошо зошто на нашите стадиони и онака има малку гледачи, па и тие што сакаат да ги следат двата меча едноставно не ќе можат.

Можеби ФФМ, но Работнички и Шкупи како домаќини, вреди да се обидат да направат нешто. А тоа е еден од овие два меча да се игра нешто подоцна или пак во недела. На задоволство на љубителите на фудбалот во главниот град.

Најново во Фудбал