БРАЗИЛЕЦОТ И АРГЕНТИНЕЦОТ СЕ ВО БАНСКО

Дамасчено и Муне „слетаа" меѓу „лавовите"

*Тие веќе тренираат со останатите играчи на Македонија ЃП. Допрва тренерот Таневски ќе решава дали ќе се ангажираат.

објавено: 16 јули 2018 - 11:55

Веќе неколку денови, впрочем како што и беше планирано, Дамасчено де Лима Џеферсон од Бразил и Педро Фабиен Муне од Аргентина се на проба во таборот на Македонија ЃП во Банско, каде „лавовите" се на подготовки.

Од тоа дали ќе потпишат со повратникот во Првата лига зависи од мислењето на тренерот Александар Таневски.

Инаку како што велат нашите информации, незадоволни од перфомансите на Хадсон, кој беше најавуван како големо засилување, „лавовите" се решија да му дадат „шут карта" на интернационалецот од Бразил.

Најново во Фудбал