СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКИТЕ МЕДИУМИ

Цената за Несторовски падна, Зампарини ќе сонува за парите од Кина

Откако Палермо не успеа да се врати во Серија А, стана повеќе од јасно дека еден од двата македонски репрезентативци ќе го напушти сицилијанскиот тим. 

објавено: 21 јуни 2018 - 08:30

Откако Палермо не успеа да се врати во Серија А, стана повеќе од јасно дека еден од двата македонски репрезентативци ќе го напушти сицилијанскиот тим. Во текот на минатата сезона, првиот човек Маурицио Зампарини одби добри понуди за Илија Несторовски, цената за него стигна до 15 милиони евра.

Македонскиот фудбалер се најде на листата на желби на клубови од Кина, како и голем број на европски екипи. И покрај најавите дека Несторовски нема да го дочека крајот сезоната, сепак тој остана во Палермо, со надеж дека ќе се вратат во Серија А. Фросиноне им застана на патот го доби дуелот за пласман во елитата, а Несторовски повторно стана главна тема во медиумите.

Италијанските медиуми пишуваат дека цената на Македонецот паднала и дека Зампарини нема да го продаде за 15 милиони евра, понуда која во јануари стигна од Кина. За услугите на Несторовски засега се заинтересирани Торино и Болоња.

   

Најново во Фудбал