ШАМПИОНОТ И ДЕФИНИТИВНО ОСТАНА БЕЗ НАЈДОБРИОТ

Буба и кажа збогум на Шкендија!

Дознаваме дека Ферхан Хасани ги информирал челните луѓе на шампионот дека има намера кариерата да ја продолжи во странство

објавено: 17 јуни 2018 - 09:51

Ферхан Хасани не е веќе дел од Шкендија. Капитенот и најдобриот фудбалер на тетовци својата кариера и дефинитивно ќе ја продолжи надвор од Македонија. Имено како што неофицијално дознаваме, Буба ги информирал челните луѓе на Шкендија дека нема намера да ја прифати нивната понуда и дека сака да направи трансфер, односно да прифати една од понудите. Најблиску е до Ризеспор (Турција), но дали таму ќе потпише или во некој друг клуб, останува да се види.
Ова значи дека и дефинитивно Шкендија ќе го ангажира нигериецот од Скендербег Сегун Џејмс Аденији.

Најново во Фудбал