ШКЕНДИЈА Е ВО ВЕЛС, УТРЕ ГО ИГРА РЕВАНШОТ ОД ПРВОТО КОЛО

БЕЗ РЕЗУЛТАТСКИ ПРИТИСОК: Шампионот става печат...

„Без резултатски притисок, без разлика кој ќе настапи, ние одиме на нова победа во Европа. Максимално професионално да ја завршиме работата со ТНС" вели Егзон Бејтулаи

објавено: 16 јули 2018 - 12:45

Македонскиот првак со една нога, ако не и со двете, веќе е во 2.квалификациска рунда во Лигата на Шампионите. Оние блескави 5:0 од првиот меч се голема работа. Ретко која наша екипа, па макар и против екипа од рангот на Њу Сејнтс, така убедливо победува во Европа, но тоа е друга приказна.

Сега останува само утре, мечот се игра на стадионот „Парк Хол" во Освестри, со почеток во 20 часот, да се заврши работата на најдобар можен начин и да се стави печат на пласманот во следната рунда.


Дефанзивецот на Шкендија Егзон Бејтулаи, за тоа како ќе одигра Шкендија во реваншот истакнува...

„После тие 5:0 во Скопје, мислам дека завршивме голем дел од работата околу пласманот во следната рунда, односно во 2. квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Сега нам ни преостанува максимално професионално да ги одработиме и вторите 90. минути од овој двомеч. Факт е дека сме ослободен од резултатскиот притисок, нескромно би било сега да кажам дека не е така".

Најново во Фудбал