И ПОВРАТНИКОТ ВО ПРВАТА ЛИГА ВО ПОГОН

Беласица означи старт

Со прозивката на тренерот Цицмиловиќ и со првиот тренинг, струмичани стартуваа со летните подготовки. 

објавено: 18 јуни 2018 - 14:21

Како што и беше најавено, од денеска Беласица е во „погон". Со прозивката и првиот тренинг, фудбалерите на тренерот Раде Цицмиловиќ ја почнаа летната одисеја во пресрет на сезоната 2018/2019 во Првата лига.

 

До 6 јули струмичани ќе се подготвуваат дома, потоа се селат на Златибор каде ќе бидат до 21 истиот месец. Таму ќе одиграат и неколку пријателски натпревари. Важно е што „генералката" ќе биде на 27 јули и тоа против Кит Го, амбициозниот тим од Пехчево.

Најново во Фудбал