СТРУМИЧАНИ НАПРАВИЈА УШТЕ ЕДНА „КОНТРОЛА" НА ЗЛАТИБОР

Беласица не го „скина" Јавор

Фудбалерите од Струмица одиграа нерешено (1:1) против екипата на Јавор од Ивањица.

објавено: 14 јули 2018 - 18:45

Веќе десетина денови фудбалерите на Беласица на Златибор го одработуваат оној ударен дел од подготовките за новата сезона.

И не губат многу време избраниците на тренерот Цицимиловиќ, затоа што денеска одиграа уште една контролна средба.

За спаринг партнер ја одбраа екипата на Јавор од Ивањица. По деведесет минути игра, резултатот бил нерешен (1:1), а стрелец на погодокот за струмичани беше Виктор Серафимовски.

Најново во Фудбал