НАДМИНАТИ СЕ ПРОБЛЕМИТЕ ОКОЛУ ТРАНСФОРМАЦИЈАТА

Беласица доби лиценца и ќе игра во Прва Лига

Денеска струмичани добија лиценца за настап во елитата, тоа значи дека на 12 август ќе стартува новата сезона со Беласица во неа

објавено: 27 јули 2018 - 17:03

Надминати се проблемите со Беласица и нејзината трансформација во Здружение на граѓани, односно во „АД". Па така денеска ФК Беласица од страна на надлежната комисија на Фудбалската Федерација на Македонија, ја доби потребната лиценца и со тоа ќе може да се натпреварува во Првата лига во сезоната 2018/2019.

Да потсетиме дека токму поради ова, поради проблемите на струмичани и нејзината трансформација, одложен беше стартот на новата сезона од 5 на 12 август.
Но сега нема никакви проблеми, сега на 1 август ќе се одржи ждрепката а на 12 август и официјално ќе се играат натпреварите од првото коло, со сите 10 клубови.

Најново во Фудбал