„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ БЕЗ ЕРМЕНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО ДЕРБИТО!

Барсегјан нема работна дозвола, не игра против Шкендија!?

Тигран Барсегјан играше за својата репрезентација против Македонија во УЕФА Лигата на нации, а сега треба да им се сврти на клупските обврски во Вардар.

објавено: 17 октомври 2018 - 16:50

Ерменскиот репрезентативец нема работна дозвола, поради долговите кои ги има клубот кон него, но и кон други фудбалери и вработени. А исто така не е платено здравственото осигирување од страна на Вардар.

Претходно поради истите причини Барсегјан ги пропушти дуелите во Купот на Македонија против ѓорчепетровци каде што беа елиминирани „црвено-црните", како и средбата со Академија Пандев.

Во пресрет на дербито (21. октомври, 14:30 часот) во Првата македонска фудбалска лига на табелата Вардар е првопласиран со 23 бодови, седум повеќе од второпласираната Шкендија.

Најново во Фудбал