ОТКАКО СЕ РАЗДЕЛИЈА ОД ТИКВЕШ

Бакрачески во Брегалница, Илиески во Борец

Аспирантите за највисок пласман во Втората лига – Исток, ангажираа екс фудбалери на кавадаречки Тиквеш

објавено: 16 јануари 2019 - 17:20

Наумче Бакрачески ја засили Брегалница, а Дарко Илиески пак Борец. Интересно е што двајцата до пред некој ден беа членови на Тиквеш. Кавадарчани и официјално објавија дека ја прекинуваат соработката со двајцата фудбалери и дека тие можат слободно да си побараат нова средина.

Интересно е тоа што Наумче Бакрачески замина во Брегалница, во тимот каде есенва во дербито на колото со негов погодок му овозможи на Тиквеш да слави против Брегалница. Тој денеска требаше да го одработи својот прв тренинг. Бакрачески е роден кавадарчанец, досега има играно и за Металург.

Додека Дарко Илиески потекнува од школата на Победа, има играно и за 11 Октомври, Ширак (Ерменија), Металург. Тиквеш се чини дека загуби двајца свои клучни играчи.

 

Најново во Фудбал