ПРЕД ДУЕЛОТ ПРОТИВ ФЕНЕРБАХЧЕ НА МАКСИМИР

Адеми предупреди: Елмас? Мора да внимаваме, знае да направи проблеми!

Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб во четврток на домашен терен го пречекуваат фенербахче за кого настапува Елиф Елмас во првото коло од групната фаза во Лига Европа. 

објавено: 18 септември 2018 - 08:00

Аријан Адеми и младиот Елиф Елмас само еднаш имаат настапува заедно во дресот на македонската репрезентација. Иако не се познаваат премногу добро, сепак на капитенот на Динамо Загреб му е повеќе од јасно за каков играч станува збор. 

Адеми кој нема да настапи на дуелот против Фенербахче во рамките на првото коло во Лига Европа, за хрватските медиуми изјави дека неговиот тим ќе мора да внимава на македонскиот бисер, доколку добие шанса, а нема да биде изненадување по неговиот прв погодок во дресот на турскиот тим. 

„До сега само еднаш сме настапувале заедно за репрезентацијата, тоа беше против Лихтенштајн. И двајцата влеговме од клупа, јас тогаш постигнав гол. Елмас? Физички добро подготвен играч, одличен техничар. Добри ги одработува и дефанзивните задачи. Во моментов не сме во контакт, но доколку добие шанса на Максимир, ќе мора да внимаваме на него, Елмас може на секого да му направи проблеми. Сепак верувам во нашите играчи, верувам дека ќе дојдеме до победа“, рече Адеми, кој поради повреда не настапи ниту во дресот на Македонија во првите две средби во Лигата на нации.

 

Најново во Фудбал