КАКВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СТРУМИЧАНИ

Аце Стојков потпиша за Академија Пандев

Стојков ги договори условите и стави потпис на едногодишен договор со отворена понуда од клубот и за понатамошна соработка.

објавено: 10 август 2018 - 21:04

Аце Стојков повторно во Струмица. Но сега како нов фудбалер на Академија Пандев, 

Искусниот фудбалер ги договори условите и стави потпис на едногодишен договор со отворена понуда од клубот и за понатамошна соработка.

Со доаѓањето на Стојков значајно ќе се засили нападот и ќе се добие потребното искуство на најмладиот тим во ПМФЛ. Стојков во сезоната што следува ќе го носи бројот 77.

Поранешниот репрезентативец, од богатата фудбалска кариера има настапувано за тимови како Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецен...

Најново во Фудбал