ДОПРВА СЛЕДУВА ВИСТИНСКАТА ФУДБАЛСКА МАГИЈА

Додека ја следиме Шкендија, дознајте кои се директно во групите на ЛШ!

Македонскиот шампион веќе е насочен кон првиот натпревар в среда (8. август) од 19:00 часот на гости кај Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

објавено: 4 август 2018 - 14:00

Додека ги следиме досегашните успешни настапи на Шкендија, во продолжение дознајте кои екипи се веќе директно пласирани во групите на ЛШ за натпреварувачката сезона 2018/19.

Потсетување, титулата повторно ќе ја брани составот на Реал Мадрид кој годинава пред крајот на мај со 3:1 во Киев беше подобар од Ливерпул.

ШПА: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Валенсија
ГЕР: Баерн Минхен, Шалке, Хофенхајм, Борусија Дортмунд
АНГ: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул
ИТА: Јувентус, Наполи, Рома, Интер
ФРА: ПСЖ, Монако, Лион
РУС: Локомотив Москва, ЦСКА Москва
ПОР: Порто
УКР: Шахтјор Доњецк
БЕЛ: Клуб Бриж
ТУР: Галатасарај
ЧЕШ: Викторија Плзењ

Се најавува дека во првиот шешир пред извлекувањето на групите за новата сезона во ЛШ ќе се најдат: Реал, Атлетико, Баерн, Сити, Јуве и ПСЖ.

Најново во Фудбал