БЛАГОДАРЕНИЕ НА МЕНАЏЕРОТ ШАКИР РЕЏЕПИ

Демир Имери е нов играч на финскиот Кеми

Овој клуб настапува во Првата лига на Финска, пред една недела таму потпиша и Хусеин Демири.

објавено: 25 јули 2018 - 17:25

Трансферот на Демир Имери во редовите на Кеми доаѓа благодарение на менаџерот Шакир Реџепи.

Ова е втор трансфер на наш играч во само една недела, Имери е поранешен играч на Работнички, Шкендија, Турново, Ренова и албанската екипа на Камза.

Со тетовските „црвено-црни" во квалификациите за Лига Европа имаше вкупно три настапи против Зимбру, Млада Болеслав и Гент.

Моментно екипата на Кеми во финскиот шампионат се наоѓа на последната 12. позиција со 12 бодови од 20 мечеви во опасната зона на испаѓање.

Најново во Фудбал