РЕАКЦИЈА

Делегатите на ОФС Тетово се легитимни (ФОТО)

После дезинформациите објавени во одредени медиуми, а во врска со легитимитетот на делегатите на ОФС Тетово во Собранието на ФФМ, принудени сме преку оваа реакција да ги демантираме таквите написи и истовремено да ја објасниме вистината.

објавено: 12 декември 2018 - 22:41

Ние делегатите од ОФС Тетово, ја известуваме спортската но и пошироката јавност, дека информациите споделени околу тоа дека на Собранието на ФФМ гласале делегати кои се избришани од Централен регистар, се потполно невистинити и тенденциозни.

Имено, делегатите на Собранието на ФФМ, не се предмет на упис во Централен регистар на РМ во општинскиот фудбалски сојуз Тетово. Мандатите на делегатите на Собранието на ФФМ од членката на ФФМ, ОФС – Тетово се верификувани на седница на Редовно Генерално Собрание одржано на 17.02.2018 година со мандат до Редовно Годишно Изборно Собрание заклучно 2021 година. Мандатите на делегатите на ОФС Тетово не се прекинати. И истите продолжуваат да течат и имаат легитимитет до следното редовно изборно собрание.

За да го докажеме горенаведеното, ви прилог ви доставуваме листа на верификувани делегати од страна на Редовното Собрание на ФФМ одржано на ден 17.02.2018.

Исто така ви доставуваме и решение од Централен Регистар на РМ со деловен број.30220170000231, ден на одобрување на пријава 22.03.2017, со кое законски извршена промена на овластено лице на ОФС Тетово.

За незаконската промена промена на овластено лице на ОФС Тетово спроведена на ден 08.08.2018 година од страна на Централен Регистар на РМ, се води судска постапка во Управниот Суд на РМ, со која сакаме да ја потврдиме легитимноста на изборното собрание на ОФС Тетово одржано на ден 13.03.2017 година.

Во врска со новото решение на ЦРМ спроведено на ден 08.08.2018 година, ви доставуваме и Одлука со бр.36/17 од 26.04.2017 со која на сегашното овластено лице на ОФС Тетово, му е изречена казна од страна на Дисциплинската комисија при ФФМ за забрана на вршење на било каква активност во фудбалскиот спорт заклучно 22.01.2020 год, За докажување на горенаведеното ви ја доставуваме во прилог и одлуката на Дисциплинската комисија при ФФМ од 26.04.2017 год. 

Co почит,

Делегати на ОФС Тетово при ФФМ

Фисник Хисени

Дритан Муслиу

Мујдин Исмаили

Јовица Илиевски

Најново во Фудбал