ЛШ, ПРВ НАТПРЕВАР - 2. КОЛО

Данецот Кристоферсен ќе им суди на Шкендија и Шериф

Во вторник од 20.15 часот на Националната Арена „Филип Втори" силите ќе ги одмерат македонскиот и молдавскиот шампион.

објавено: 22 јули 2018 - 11:31

Европската куќа на фудбалот ги објави имињата кои ќе делат правда на првиот натпревар од 2. квалификациско коло на Лигата на шампионите помеѓу Шкендија и Шериф.

Главен судија е Мадс-Кристофер Кристоферсен, асистенти ќе му бидат Денис В. Расмусен и Виктор Ските, а четврти судија Мајкл Тикгаард, сите од Данска.

Да потсетиме, реваншот помеѓу Шериф и Шкендија ќе се игра на 31. јули со почеток од 19:00 часот во Тираспол.

Најново во Фудбал