ИЗВОЈУВАНА ПОБЕДА ВО БИТОЛСКОТО ДЕРБИ

Црно Буки ЗЛ цврсто чекори кон врвот

Екипата на Црно Буки ја забележа првата гостинска победа во Третата лига - Југозапад во сезоната остварена во дербито на Битола против ФК Кравари со 0:1.

објавено: 24 септември 2018 - 12:30

Стрелец на победничкиот гол за Црно Буки ЗЛ беше „џокерот" А. Николовски за вкупно трет триумф и моментно второ место на табелата со 10 бодови, пет помалку зад водечкиот Охрид.

Почетен состав на Црно Буки ЗЛ: Ѓ.Стојановски, Т.Бошевски, В.Лавчански, К.Ѓорѓиевски, П.Велевски, Д.Велевски, Н.Черговски, А.Јанкуловски (68 А.Николовски), О.Дарајлиовски (55 Б.Тасески), Н.Мицевски (72 А.Богдановски), Н.Најдовски.

Младата екипа на Црно Буки предводена од легендарниот Наум Љамчевски заслужено ги собра симпатиите на сите фудбалски вљубеници во Битола и Пелагонија.

Најново во Фудбал