РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ВО НОВИОТ ДЕНЕШЕН НАСТАП ЗА ЛИДС

Чемпионшип: Прекрасен погодок на Алиоски против Стоук! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец повторно ги стрела противничките мрежи, денеска забележа нов во дресот на Лидс...

објавено: 19 јануари 2019 - 18:05

Езгјан Алиоски стрелаше само за ублажување на поразот на неговиот клуб на гостувањето кај Стоук кој пак триумфираше со 2:1.

После еден изведен корнер, топката дојде до нашиот интернационалец кој убаво со левата нога го пронајде патот до мрежата на Батленд во судиското надополнување од второто полувреме (90+5).

Останува Лидс на врвот со 54 бодови после шестиот пораз сезонава во Чемпионшип, а во следното коло на 26. јануари ќе гостува кај Ротерам.

За Алиоски ова е вкупно петти гол сезонава во Чемпионшип во дресот на Лидс:

Најново во Фудбал