БЛЕСНАА МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕТНИ ЗАСИЛУВАЊА

Бујчевски и Мирчевски стрелаа за Трепча

Во косовската пресметка Трепча 89 на контролен меч ремизираше 2:2 против Дукаѓини...

објавено: 19 јули 2018 - 07:59

Во еден интересен натпревар беа забележани многу шанси за реализација на двете страни.

Головите за екипата на Трепча ги постигнаа македонските интернационалци Мартин Мирчевски и Антонио Бујчевски.

Ова лето нашето дуо потпиша токму за косовскиот клуб кој има високи амбиции, да потсетиме Мирчевски и Бујчевски доаѓаат од школата на Пелистер.

Според најавите Трепча ќе ги продолжи подготовките во Охрид каде што ќе има неколку тест мечеви како подготовка за новата сезона.

Најново во Фудбал