ФУДБАЛЕРОТ НА ШКУПИ ПОСЛЕ МЕЧОТ

Броја: Ренџерс е светска екипа, големо искуство за нас!

На реванш мечот од 1. квалификациско коло на Лига Европа, ФК Шкупи одигра храбри 0:0 против славниот Глазгов Ренџерс.

објавено: 17 јули 2018 - 21:40

Своите впечатоци од реваншот на „Филип Втори" ги сподели Зекирија Рамадани, тренерот на ФК Шкупи:

„Честитки до Глазгов, заслужено одат во следна фаза. Честитки и до моите играчи, имаше моменти кога едноставно немаше разлика во квалитетот, во најдобро издание се покажавме. Гледате дека и во Македонија има добри екипи кои знаат да играат фудбал. Жалиме поради елиминацијата, но продолжуваме напред, добивме многу, а резултатот верувајте ќе дојде во наредните години. Сухељ Муарем има 16 години, Фати Исмаили 21, го покажаа потенцијалот, тоа е иднината на нашиот клуб. Има секако и други, но овие двајца без сомнение ќе имаат голема перспектива".

Рон Броја, фудбалер на ФК Шкупи:

„Ренџерс е силна екипа, светска. Го дадовме максимумот, ривалите имаат подобар квалитет. Но, секак и ние имавме добри сегменти во играта, не се чувствуваше на теренот некоја разлика помеѓу екипите. Добивме едно големо искуство".

Најново во Фудбал