ДЕБИТИРАА ПОРАНЕШНИ ПИОНЕРИ ВО САСА

Без победник во Македонска Каменица

Во контролен меч пред второлигашката сезона ремизираа екипите на ФК Каменица Саса и ФК Кит-Го Пехчево со резултат 1:1 (1:1) на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

објавено: 12 јули 2018 - 10:30

Поведе Кит-Го со голот на Дујовски во 10. минута, а израмни Ивановски за Саса во 21. минута од средбата.

На пријателскиот натпревар во кој ФК Каменица Саса ја пречека екипата на Кит-Го од Пехчево за првпат за сениорскиот тим настапија младите надежи, поранешните пионери, Давид Китановски, Филип Георгиевски и Христијан Николовски.

Ова е вистинска одлука на стручниот штаб на ФК Каменица Саса во насока на мотивација на младиот фудбалски потенцијал и нивно стимулирање за што повеќе да се вложуваат на зелените терени.

Претходно во Благоевград минимално со 1:0 ФК Каменица Саса на првиот тест од подготовките загуби од бугарскиот состав на Пирин Благоевград.

Најново во Фудбал