КОНТРОЛЕН МЕЧ ПРОТИВ ИСКРА

Беласица ремизираше на последниот тест во Златибор

Уште еден пријателски натпревар за прволигашкиот клуб на летните подготовки...

објавено: 20 јули 2018 - 22:05

Овојпат фудбалскиот клуб на Беласица ремизираше 0:0 против екипата од Црна Гора, Искра.

Беласица имаше голем број шанси, но лошата реализација беше клучен фактор што мрежата на противникот остана незатресена.

Ова воедно беше и последен меч на тимот на подготовките во Златибор, а во недела се очекуваме да пристигнат во Струмица.

Претходно ремизираа 1:1 со Бачка Топола, ист резултат против Јавор од Ивањица, минимални порази (0:1) од Мачва Шабац и Победа Прилеп, а победи од 4:1 над босанската Крупа и 2:1 против Македонија ЃП.

Најново во Фудбал