МАКЕДОНЕЦОТ НА ВРВОТ, ЛЕО МЕСИ НЕ Е НИТУ ВО ТОП 10!!!

БАРДИ НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА: Пред Кутињо, Гризман, Дибала...каде е Меси? (ФОТО)

Лионел Меси е најголемата фудбалска ѕвезда на Барселона, но моментно 14 фудбалери се подобри од него кога станува збор за слободните удари...

објавено: 12 декември 2018 - 21:30

Да, факт е дека Аргентинецот во неодамнешниот натпревар против Еспањол постигна два прекрасни голови од слободен удар и со досегашен вкупен учинок од 17 погодоци, повеќе од кој било друг фудбалер во Топ 5 европските лиги од стартот на сезоната 2014/15, но дали тоа го прави најдобар изведувач на слободни удари во Европа?

Гледајќи ги броевите, далеку е од врвот...Неговата успешна реализација е 9,5% со 17 голови, но од дури 179 обиди, пред Хакан Чалханоглу, Димитри Паје и Кристиан Ериксен.

Не е најдобар Меси во шпанската „Ла Лига", на врвот е Енис Барди кој ги брани боите на Леванте. 23-годишниот македонски репрезентативец од стартот на ланската сезона постигна шест голови од слободен удар од само вкупно 27 обиди за извонредни 22,2% реализација што го прави најдобар од ваквите позиции во Топ 5 европските лиги.

Меси може е најдобар во многу нешта, со бројни индивидуални признанија, но дефинитивно не може да се одвои и од аспект на слободните удари, ниту во неговата лига, земја или пак тим...

Најново во Фудбал