повторно во старото јато

Аврамовски се врати во Олимпија

Него му заврши позајмицата во Војводина и сега мора да се јави на стручниот штаб на тимот од Љубљана

објавено: 13 јуни 2018 - 11:30

Даниел Аврамовски се врати во Олимпија, во шампионскиот клуб во Словенија. Него му заврши позајмицата во Војводина и сега мора да се јави на стручниот штаб на тимот од Љубљана, тим кој што ќе игра ова лето во квалификациите во Лигата на шампионите.

Се надеваме дека Аврамовски, кој пред две недели правеше свадба, ќе има повеќе среќа и ќе успее да се избори за првотимскиот дрес во најдобриот клуб во Словенија.

Аврамовски некогаш важеше за еден од нашите најголеми таленти и беше дел од генерацијата која играше на ЕП 2017 во Полска за селекции до 21 години.

Најново во Фудбал