СТАРО-НОВО ИМЕ ВО ВТОРОЛИГАШОТ

Антонио Илиески се врати во Гостивар

Настапува на позицијата централен бек и се врати во клубот каде што ја започна кариерата.

објавено: 20 јули 2018 - 17:33

Своевремено го носеше дресот и на Еуромилк и Македонија Ѓорче Петров, како и дел од националните селекции до 17., 19. и 21. година.

Да потсетиме, претходно второлигашкиот клуб ги ангажираше 20. годишниот Фатих Исмаили кој дојде од редовите на Шкупи.

Исто така, овој преоден рок ги донесе уште Љавдрим Скендери, Валон Зекири, Артан Иљази како засилувања за новата сезона во Втората лига - Запад.

Најново во Фудбал