ЧЕКОРИ ЦВРСТО ПО ЗЕМЈА

Ангеловски предупредува: Ништо не e завршено, имаме уште многу за играње

И покрај победата над Ерменија од 2-0, предводникот на нашиот најдобар национален тим, Игор Ангеловски цврсто чекори по земја. Среќен е за триумфот, но вели дека ништо не е завршено...

објавено: 9 септември 2018 - 20:35

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски вечерва има право на задоволство. Тој и неговите момци сигурно чекорат кон вистинскиот пат, кој може ширум да ни ги отвори вратите кон ЕП. Македонија го доби дуелот со Ерменија со 2-0, втор во Лигата на нации. 

Иако неговите момци го исполнија планот, сепак Ангеловски предупреди дека ништо не е завршено...

„Влогот е преголем за да се игра офанзивно, на повеќе голови. Она што беше најважно е остварено, тоа е победата. Тоа што се договоравме, односно го подготвувме е направено. Секој кој ќе помисли дека е готово се лаже затоа што имаме уште четири меча, имаме уште многу за играње“, изјави по мечот селекторот, Игор Ангеловски.

 

Најново во Фудбал