НА ДУЕЛОТ ВО ПЕХЧЕВО

Академија Пандев триумфираше над српскиот Трајал

Победа со резултат 2-0 за Академија Пандев на денешниот контролен натпревар против екипата на Трајал од Србија.

објавено: 18 јули 2018 - 22:35

Стрелци на головите за прволигашот беа Сашко Пандев и Филип Михаилов. Од четврток па се до 29. јули сениорскиот тим се сели во Бугарија.

ФК Академија Пандев Во Банско ќе ги продолжи летните подготовки, а планирано е и одигрување на уште неколку контролни натпревари пред настапот во новата сезона.

На претходните тест мечеви во Штип ремизираше клубот без голови со Брегалница Штип, а на стартот во Самоков загуби минимално (1:2) во тренинг базата на Локомотив Пловдив.

Најново во Фудбал