МЕКСИКАНСКА АТМОСФЕРА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Вардаровите навивачи пратија порака до ЕХФ: Скопје заслужува фајналфор!

објавено: 16 март 2014 - 21:18

Вардарки вечерва го совладаа Савехоф, ракометарките на македонскиот женски ракометен шампион напишаа нова страница во историјата на македонскиот спорт со пласманот на фајналфорот од ЛШ во Будимпешта. А Скопје уште еднаш докажа дека е најракометен град во Европа и дека навивачите заслужуваат организација на завршен турнир во македонската метропола.