УШТЕ ЕДНАШ ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ ХУМАНА НАЦИЈА

Спортисти, глумци, пејачи...се собраа да им помогнат на децата кои живеат во социјален ризик (ФОТО)

ФОТО: Петр Стојановски

Кога станува збор за дечиња кои живеат во социјален ризик, секогаш сме единствени и сполетни. Спортисти, глумци, пејачи денеска беа дел од големиот хуманитарен и спортски проект на здружението „Проект Среќа", „Здраво Шампиони". Со собраните средства од денешната дружба, околу 340 дечиња кои сакаат да спортуваат различни спортови ќе добијат помош, поточно на сите нив, ќе им биде обезбедена комплетна спортска опрема, како и годишна членарина во спортскиот клуб каде што сакаат да спортуваат.

На самиот настан се продаваа и топки со потписи на Перо Антиќ, Дејан Манасков, Филип Миркуловски, Филип Кузманвски, Едина Муса, Дејан Недев и Аљоша Недев по цена од 300 денари, а се одржа и аукција на нивни лични предмети.

објавено: 21 јуни 2018 - 20:03