Скопското дерби помеѓу Работнички и Вардар преку нашиот објектив

објавено: 14 март 2014 - 17:01

Денеска на нашиот најголем стадион „Филип Втори“ се одигра големото соседско дерби помеѓу Работнички и Вардар во рамки на Првата македонска фудбалска лига. Убавото време сепак не беше привлечно за публиката, но на теренот имаше возбудувања. Еве дел од најинтересните моменти од натпреварот преку нашиот објектив.