НОВ ТРЕНИНГ НА ИЗБРАНИЦИТЕ НА РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ ПРЕД ТУРЦИЈА

Се комплетиравме со Талески, спремни македонските ракометни „лавови“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската машка ракометна репрезентација против Турција во четврток со почеток во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски" во Битола ќе го одигра првиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Австрија – Норвешка – Шведска 2020 година.

Без сомнение очекуваме полни трибини, поддршка во текот на сите 60 минути за избраниците на селекторот Раул Гонзалез кои денеска ги продолжија своите тренинзи во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски" - Скопје. Присутен беше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.

Како што и претходно се најавуваше, со доаѓањето на Филип Талески е комплетирана репрезентацијата и со сите расположиви сили Гонзалез ќе може да атакува на првиот триумф во квалификациите пред вториот дуел кој ги очекува во Кожани на гостувањето против Грција.

Фото, Петр Стојановски

објавено: 23 октомври 2018 - 20:22