КАКО И СЕКОГАШ ГЛАДНИ ЗА ПОБЕДИ

СЕ È НА СВОЕ МЕСТО: Во полн состав се „кова“ тактиката за Романија (ФОТГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав ги одработува подготовките за бараж двомечот со Романија за пласман на СП следната сезона. Во стројот се приклучија Филип Миркуловски и Филип Талески, кои поради обврски кон клубовите задоцнија само еден ден. Раул Гонзалез и неговите избраници имаат само еден тренинг на ден, доволно за да се „скрои“ тактиката за Романците.

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ беше и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој секогаш се грижи ракометарите да ги имаат најдобрите услови за работа. 

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 6 јуни 2018 - 19:56