ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

Ревијален меч на фудбалските легенди од поранешниот европски и светски шампион! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денот на ослободувањето на Скопје меѓу другото беше одбележан и со ревијален меч на кој гости во престолнината на Македонија беа фудбалските легенди од поранешниот југословенски, европски и светски шампион Црвена Звезда, настан кој привлече голем број на гледачи.

По повод 74. годишнината од Денот на ослободувањето на Скопје, легендите од калибарот на Драган Џаиќ, Владимир Петровиќ - Пижон, Милош Шестиќ, Јован Ачимовиќ, Сатанислав Караси, Јовица Николиќ, Здравко Боровница...собраа неколку стотина повозрасни љубители на фудбалот кои дојдоа на игралиштето на Работнички да евоцираат спомени и да се сликаат со своите некогашни љубимци.

Дел од звездите настапија на ревијалниот меч, а дел останаа во друштво на домаќините да си прираскажат за минатите денови. Од македонските играчи кои го носеа „црвено-белиот" дрес настапи Митко Стојковски, а во публиката останаа Дарко Панчев, Илија Најдоски.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 13 ноември 2018 - 15:24