СРЕЌАТА МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

„Посреќниот“ оди понатаму, Шкендија пропушти „златна“ шанса за Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот шампион можеби токму во третиот обид по ред во плеј-офот на Лига Европа беше најблиску да обезбеди историски пласман во групната фаза.

Два пенали во идеални моменти, и секако уште неколку добри шанси, од сето тоа ништо, Розенборг кој навидум како да изгледаше „незаинтересирано" на мечот, уживајќи во триумфот од првиот меч (3:1), без голема мака, ги имаше своите „пет минути" во Скопје и ги искористи на најдобар можен начин за нова победа (0:2).

Шкендија останува да жали за пропуштените шанси, да беа реализирани пеналите, можеби сликата на теренот ќе беше поинаква, на крајот ќе гледавме како тетовци итаат кон Европа, но ваќа „посреќниот" оди понатаму, барем како што и призна противничкиот тренер Кулен...

Фото: Петр Стојановски

објавено: 31 август 2018 - 00:57