ЛШ: ОДЛИЧНА НАЈАВА ПРЕД СПЕКТАКЛОТ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

Нема големи или мали во „црвено-црното“ семејство, сите се Вардар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар ја оствари петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите со триумфот над Мешков од 30-23 (14-14) предводен македонскиот шампион од одличните Карачиќ и Гедбан.

Нова вечер каде што повторно имаше емоции, едно име се слуша Вардар кој сигурно го добива вистинскиот лик сезонава и биде меѓу претендентите за учество на Ф4, но многу е рано евентуално да се говори за тоа, сите мисли се насочени прво да се помине групата, а потоа чекор по чекор. Гледавме еден Вардар кој со сите сили што ги има во составот, сите спремни го даваа срцето на теренот, а тоа го препознаа љубителите на ракометот и спортот воопшто.

Колку и да се менува во „црвено-црното“ семејство, зборуваме за играчкиот кадар, срцето веќе почнало да чука само за овој клуб. Иако гледаме „нов“ Вардар со нови играчи, на пр. еве сега Германецот Дисингер во една за негова непозната околина кој можеби порано или подоцна ќе „експлодира“ и тој, веќе почна и алжирскиот голман Гедбан да ги освојува срцата со своите прекрасни одбрани. Нема големи или мали ракометни имиња, помалку познати или повеќе, сите се Вардар...

Вардар не е Барселона, ПСЖ, Рајн Некар, Веспрем...туку едноставно Вардар си е Вардар. Иако во изминатиот период настапи нашиот првак со втор тим и убедливо загуби од Мешков, без оглед на тоа што се возврати со триумф, тие млади талентирани играчи, кои ги фаќаат првите сериозни чекори во ракометот, се исто така дел  и гордо ги носат „црвено-црните“ бои.

Иако не беа исполнети трибините, имаше доволен број на поддржувачи кои гласно ја даваа поддршката, на трибините се најде и поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој внимателно го следеше мечот, но и воедно уживаше во атмосферата.

Па, така останува сега сите да уживаме во триумфот над Брест, кој беше добра најава пред новиот спектакл во СЦ „Јане Сандански" против Барселона на 11. ноември.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 3 ноември 2018 - 20:41