МАКЕДОНИЈА ФОКУСИРАНА НА СЛЕДНИОТ ПРЕДИЗВИК

Многу мотиви за нова победа во Лигата на нации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн од Лига на нации на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори".

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во позитивна атмосфера го одработија денешниот тренинг во центарот „Петар Милошевски".

Македонија во досегашните два меча има две победи. Во првиот натпревар го совлада Гибралтар на гостински терен, додека во Скопје во втората средба го доби директниот конкурент за првото место, Ерменија.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 10 октомври 2018 - 17:15