ДЕФИНИТИВНО ПРЕРАСНУВА ВО ЕДНА ТРАДИЦИОНАЛНА ТРКА

Ивановски и Поп Арсова најдобри на Скопје трча 10К! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје, со огромна помош и од други партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е оваа трка да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

Уште поголем број на учесници годинава, вкупно 1.600 го исполнија Скопје, во машка конкуренција триумфираше Дарио Ивановски од АК Работнички со време (32:04 мин.), а кај жените првопласирана е Адријана Поп Арсова од АК Делта (38:28 мин.). Од штафетните трки најдобри беа NRC - NIKE+RUN CLUB со време од 40:20 мин.

објавено: 7 октомври 2018 - 12:49