КАДЕТИТЕ НА ПРИЕМ ВО МКФ

Еден медал „резервиран" за претседателот (ФОТО)

„Бронзата" на градите на нашите млади репрезентативци, но и за споменарот во федерацијата, на градите на првиот човек на МКФ.

објавено: 20 август 2018 - 10:47

Ја израдуваа македонската кошаркарска јавност. Стигнаа до место за кое малкумина веруваа дека може да се стигне.

Стигнаа нашите кадети до третото место на ЕП од Дивизијата „Б", ги освоија бронзените медали и од Сараево со себе во Скопје понесоа „влезница" за елитното друштво наречено „А" Дивизија.
Доволен момент раководството на МКФ да организира прием, а на кој како што тоа и им доликува на вистински спортисти, еден од бронзените медали, да му подарат на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.
Респект за потегот на идните македонски репрезентативци!