Болидите кои ќе се тркаат сезонава во Формула 1

објавено: 12 март 2014 - 09:10

Новата сезона во Формула 1 стартува викендов со трката за Големата награда на Австралија. Ред Бул ја брани титулата повторно со Себастијан Фетел, а Мекларен, Ферари, Лотус и останатите ќе бијат битка за да го симнат доминантниот тим од тронот. Со редизајнирани болиди, низа новитети, ќе тргне „октанскиот циркус“, а вака изгледаат болидите за оваа сезона во најбрзиот авто-шампионат.