„МИРАИТОВА“ И „СОМЕИТИ“

Токио ги претстави маскотите за Олимписките игри 2020 (Видео)

Токио денеска ги претстави официјалните маскоти за Олимписките и Параолимписките игри во 2020. година.

објавено: 22 јули 2018 - 16:15

Маскотата за Олимпијадата во Токио се вика „Мираитова" , а за Параолимпијадата го носи називот „Сомеити". Маскотите беа избрани од студенти од цела Јапонија.

„Мираитова" е комбинација од јапонски зборови за иднината и вечноста, додека „Сомеити" доаѓа од популарен вид на цреша и потсетува на англискиот термин „со мајти", што значи толку моќен.

Организаторите велат дека неколку футуристички личности ја комбинираат традицијата и иновациите.

Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат од 24. јули до 9. август 2020 година.

Најново во Други спортови