ШВАЈЦАРЕЦОТ ГО СОВЛАДА ПЕР, ВОЗЊАЦКИ ИЗНЕНАДЕНА ОД ЦУРЕНКО

Возњацки елиминирана, Федерер и Ѓоковиќ во 3. коло на „УС Опен“

Доцна синоќа данската натпреварувачка го заврши својот настап на Грен слем турнирот во второто коло. Како втора тенисерка на светот загуби од Украинката Лесија Цуренко (36. место на ВТА) со 6:4 и 6:2.

објавено: 31 август 2018 - 09:30

Цуренко во третото коло на „УС Опен" ќе игра против чешката натпреварувачка Катерина Синјакова (54. ВТА).

Вториот тенисер на светот, Швајцарецот Роџер Федерер во второто коло го елиминираше Французинот Беноа Пер (56. место, АТП) со 3:0 по сетови 7:5, 6:4 и 6:4 после скоро два часа игра. Во следната рунда популарниот „Федекс" ќе ги одмери силите против Австралиецот Ник Кирјос (30. АТП).

Новак Ѓоковиќ (6. АТП) беше подобар од Американецот Тенис Сандгрен (61. АТП) со резултат 3:1 по сетови 6:1, 6:2, 6:7 (2) и 6:2 за два часа и 48. минути игра. „Ноле" во третото коло ќе игра со Французинот Ришар Гаске (25. АТП).

Двојки, 3. коло „УС Опен" (мажи)

Надал - Хачанов
Басилашвили - Пела
Тим - Фриц
Шаповалов - Андерсон
Дел Потро - Вердаско
Чориќ - Медведев
Изнер - Лајовиќ
Раониќ - Вавринка
Чилиќ - Де Минаур
Струф - Гофан
Шварцман - Нишикори
Кохлшрајбер - Зверев
Ѓоковиќ - Гаске
Пуј - Соуза
Милман - Кукушкин
Кирјос - Федерер

Двојки, 3. коло „УС Опен" (жени)

Канепи - Петерсон
Вилијамс С. - Вилијамс В.
Мухова - Барти
Кенин - Плишкова
Стивенс - Азаренка
Стрицова - Мертенс
Макарова - Севастова
Ванг - Свитолина
Гарсија - Суарез Наваро
Шарапова - Остапенко
Кијз - Круниќ
Цибулкова - Кербер
Квитова - Сабаленка
Осака-Сасанович
Бертенс - Вондроусова
Синјакова - Цуренко

Најново во Други спортови